October 6, 2022

Си одела на шопинг на туѓа сметка: Кавадарчанка пронашла картичка, па си трошела пари

СВР Велес поднесе кривична против А.М.(36) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“.

На 11.11.2021 во продажен објект во Кавадарци, пријавената пронашла кредитна картичка од банка, сопственост на А.М. и без нејзина согласност во повеќе наврати извршила наплати во повеќе продажни објекти во Кавадарци, со што се стекнала со противправна имотна корист од 13.800 денари.

Пешак од Крива Паланка тешко повреден

На 06.12.2021 во 16:00 часот во ОВР Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Илинденска“ во Крива Паланка, патничко возило „фолксваген голф“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од Крива Паланка удрило во пешакот С.М.(45) од Крива Паланка.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.