May 27, 2022

Свештеник бил во исповедалницата каде што чистел и пронашол две торби – koга ги отворил не можел да им поверува на очите

Италијанската полиција започна истрага, бидејќи во исповедалницата на една црква во близина на Ватикан биле пронајдени две торби во кои имало вкупно 36.000 евра.

Парите ги пронашол свештеникот Џовани Мартире Савина, додека ја чистел исповедалницата во црквата.

Сеуште не е познато дали се работи за великодушна донација или пак некој “грешник” се обидел да се ослободи од илегално стекната добивка.

Полицискиот инспектор Салваторе Фриано изјавил дека за сега не се исклучува никаква можност.

Анонимните донации во црквата не се реткост, но никогаш не биле во прашање вака големи суми, рекол свештеникот Савина.