November 29, 2022

Пренџов: Ниту Влада, ниту премиер, ниту министри се легитимни, не се избрани од граѓаните

Вие можете да имате легалитет, формален на страна над 60 пратеници, но ако не сте тропнале на ниту една куќа и не сте изгласани од народот, вие не можете да бидете ниту Влада, ниту премиер, ниту министри.

Вака Љупчо Пренџов ја коментира новата Влада предводена од премиерот Ковачевски.

Во емисијата “Само вистина“ негови соговорници беа Аријандит Хоџа од Беса и Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

За преговорите со Бугарија, Хоџа вели би сакал да во Бугарија превладее разумот и тамошните лидери да одлучат да ја тргнат блокадата и да имаме почеток на преговори односно сигнал позитивен дека се движиме на добар пат.

Хоџа вели дека интеграцијата во ЕУ е спас за државата.

Од декември, од 15 декември кога беше фамозното на Макрон, па новогодишната шега дека во јануари ќе добиеме датум, за мене нема да биде чудно сега ДУИ да излезе и да каже, немаме датум, ајде на избори. Но тогаш тие ќе треба да одговорат на прашањето за чија агенда работат, додава Хоџа.