October 6, 2022

Пендаровски: Власта и опозицијата имаат идентична идеја за гаранции

Мицкоски е познат по своите тврди ставови во однос на Бугарија и сето она што се случува во изминатиов период, а кое е поврзано со источниот сосед. Првиот човек на државата, претседателот Стево Пендаровски смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е во право и е коректен кога вели дека нема да поддржи Бугарите да влезат во Уставот без да има гаранција за Македонија.

Ако вие ми кажете дека сакаме да бидат гарантирани правата на Бугарите во Македонија, јас немам проблем со тоа, но на кој начин. Тие мислат дека треба да биде на самиот почеток, да го смениме Уставот и тоа за нив да биде најголема гаранција, јас мислам дека тоа е еден тип на уцена. И во тој дел треба сме чесни и да признаеме дека македонската опозиција има коректна позиција. Власта и опозицијата имаат идентична позиција за гаранции, изјави Пендаровски.

Според Пендаровски, ние треба да имаме гаранција од Брисел и Софија дека ова ќе биде последното барање од бугарска страна, притоа нагласувајќи дека засега нема позитивни сигнали од Софија.