October 6, 2022

Пендаорвски: Јазот меѓу власта и опозоцијата е голем, не успеав ниту за фудбал да ги спојам

Претседателот има убава логика. Ако Мицкоски и Ковачевски не сакаат да седнат и да гледаат ниту фудбалски натпревар заедно, како би можеле да соработуваат и да решаваат политички прашања за напредок на земјата

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски вели дека имал неуспешен обид да ги спои лидерот на опозицијата и премиерот Ковачевски да го гледаат заедно натпреварот меѓу Македонија и Португалија. Имено, тој вели јазот меѓу владејачката партија и опозицијата што нему не му успеало ниту да ги собере на неформално дружење, заедно да го следат фудбалскиот натпревар Македонија-Португалија.

– Од опозицијата ми одговорија дека веќе имаат договорено гледање фудбал на друга локација. Ако не можете да договорите заедничко гледање фудбал, како тогаш ќе договорите средба за решавање на политички прашања- истакна Пендаровски.