June 26, 2022

Николовски: Притисокот е кон Бугарија, може да падне и Владата ако го кренат ветото

Љубиша Николовски смета дека Петков мисли дека Бугарија треба да запре со политиката на вето, но дека истиот има проблем со самата коалиција.

Како тоа Петков ќе го одигра ако е навистина решен, веројатно може да падне Владата, но и не мора да значи. Они не говорат веќе ништо за македонскиот идентитет. Зборуваат за правата на бугарите во Македонија.

Прв беше Радев кој ги замени тезите македонски јазик и идентитет, рече од сега ние ќе бараме правата на бугарите. Што мисли тој под македонизам не знам, верувам дека има сили кои сакаат тоа да се случи. Дали ќе издржат под притисокот на САД и ЕУ не знам, рече новинарот Николовски во емисијата „Само вистина“ на Канал5 телевизија.

Тој додаде дека не се сомнева дека има притисок и кон Македонија, но експлицитните изјави кои доаѓаат од Европа се кон Бугарија бидејќи тие се членка на ЕУ.

И самите тие во Бугарија се зачудени зошто има толкав притисок кон нив за да се крене ветото, смета Николовски.