October 6, 2022

На отворањето Норма со гости од Италија и од Србија

Сценографијата е на Флавио Арбети од Италија, кој е и автор на костимите во коавторство со Марија Пупучевска.
Во Националната опера и балет вечерва започна 50. јубилејно издание на Мајските оперски вечери. Настанот беше отворен со операта „Норма“, симболично избрана бидејќи последен пат во земјава била изведена пред 30 години, а „Мајските оперски вечери“ последен пат е изведена во 1996 година.

Во „Норма“ настапи екипа од Италија, Србија и домашни солисти со кои традиционално се отвораат МОВ. Диригент на претставата е Енрико Довико од Италија, а режисер Ренато Бонајуто. Настапија и првенките на НОБ, Благица Поптомова во главната улога, Сандра Митровска во улогата на Адалџи и Ѓорѓи Цуцковски како Полионе.

Покрај премиерата на операта „Норма“, која ќе биде репризирана и на 11 мај, на програмата се и оперите „Лучија од Ламермур“, балетот „Жизел“, „Турандот“ од Пучини, а во оф-програмата е балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“. Традиционално, манифестацијата ќе биде заокружена на 31 мај со изведба на операта „Аида“ на Џузепе Верди.