November 29, 2022

Ламбе Арнаудов: Заев е најдиректен виновник за целата состојба со Бугарија

Било кој да е поглавар, кога ќе се бира меѓу народот и Господ, верувајте дека ќе си се определи за Господ затоа што Господ е на нивна страна. Македонија и македонците долги години биле под покривот на МПЦ. Се организирале, живееле, правеле состаноци, отпори таму. Црквата била институција. ВМРО беше институција која беше присутна и на меѓународни организации и на кралски палати. Сите се трудеа да ја имаат за пријател. И сега е така откако Христијан Мицкоски дојде за претседател на партијата, вели Ламбе Арнаудов.

Тој вели дека додека Заев не настапил фуриозно да го реши проблемот со Бугарија, се релаксирале односите.

Најдиректен виновник за целата состојба е Зоран Заев. Тој почна во име на затоплување на односите со Бугарија, направи такви отстапки да се донесе одлука за резолуција во бугарското Собрание. Во многу незгодно време дојде тоа. Се иритираа чувствата на македонскиот народ.

Дедо ми постојано кажуваше, бевме блиски со бугарите. Како што идеа нови, се полоши од претходните. Сега се најлошата гарнитура и најнепријателски расположена кон Македонија. Оваа гарнитура на Република Бугарија кон Македонија воопшто не крие дека главен услов односно аспирација му е територијата на Република Македонија, вели Арнаудов.