May 27, 2022

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА Има моќен мобилен кој не може да се хакира, а разговара само со две личности

Кралицата Елизабета Втора има посебен мобилен телефон, а за полнењето на неговата батерија заслужен е нејзиниот личен асистент, за кралицата да нема стрес околу податоците.

„Наводно кралицата само со две личности најмногу разговара на телефон, а очигледно е дека има и мобилен телефон кој е опремен со антихакерска енкрипција од страна на MI6, така што никој не може да го хакира нејзиниот телефон“, открил Џонатан Сакердоти, експерт за кралски прашања во подкастот „The Royally US“.

„Двете личности со кои најчесто е во контакт се нејзината ќерка, принцезата Ана и нејзиниот менаџер за коњски трки Џон Варен“, раскажал Џонатан.

Многумина се прашуваа како кралицата го познава Ворен, а сега и тоа е откриено. Имено, Елизабета го запознала Ворен преку покојниот пријател на грофот Карнарвон. Малкумина знаат дека Ворен е всушност зет на покојниот гроф.

Кралицата Елизабета Втора следната година треба да прослави 70 години откако е на тронот, а секако таа е најдолговечната британска кралица.

„Кралицата на сите им кажа дека во последно време се чувствува многу подобро и дека многу се радува што ќе го дочека Божиќ“, раскажал извор за „Дејли мејл“ минатата недела.

Инаку, по хоспитализацијата во октомври, лекарите ја советувале кралицата дека треба да одмора многу повеќе од претходно.