October 6, 2022

Koга жената ќе каже „НЕ“: Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари за еден ден работа поради Амал

Холивудскиот шармер Џорџ Клуни открил дека одбил една работа која би му донела 35 милиони долари бидејќи неговата сопруга Амал рекла дека тоа не е добра идеја.

Имено, Клуни требало да се појави во реклама за една авио-компанија, но бидејќи била поврзана за една „сомнителна земја“, тој ја одбил понудата.

-Да, ми понудија 35 милиони долари за еден ден снимање. Се работепе за реклама за авио-компанија, но кога поразговарав со Амал за тоа ми кажа дека не е вредна за моето време. Поврзана е со една исклучително сомнителна земја и сам помислив: „Добро, ако на било кој начин влијае на мојот мирен сон не ми треба“, открива познатиот актер.

За „Гардијан“ Клуни објасни дека неговата сопруга како одличен адвокат знае што е најдобро за него, па ја одбил понудата.