October 6, 2022

ВАКЦИНИPAНИТЕ ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ TЕСТИРAAТ Гpција воведува задолжителен ПЦP тест за сите што влегуваат во земјата

Негативен ПЦР тест направен 48 часа пред патувањето ќе биде задолжителен за nатниците од сите земји кои пристигнуваат во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека одлуката е „во рамките на напорите за контрола на пандемијата на ковид-19“, ќе стапи во сила во недела наутро, а исклучок има за патниците кои во земјите престојувале помалkу од 48 часа.

Соопштението првично се однесуваше на патниците од Велика Британија и Данска кои пристигнуваат во Грција, а кусо подоцна беше променето со вклучени сите земји.

Мерката, како што пренесува МИА важи за сите патници од сите земји, без разлика дали се вакцинирани или не и без разлика на кој начин пристигнуваат во Грција.