May 27, 2022

Време е за бензинска: Pегулаторна – ќе има поевтинување на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите – значително пониски – цени на горивата

Во согласност со методологијата која се користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 5.28%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за по 3.5 денари. Еден литар 95-октански бензин ќе чини 71.00 денари. Еден литар 98-октански бензин ќе чини 73.00 денари.

Еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 63.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.