May 27, 2022

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер во западна Турција

По главниот земјотрес имаше секундарни.

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди западниот дел на Турција, јави турската телевизија Си-Ен-Ен Турк.

Епицентарот бил во близина на градот Урла во округот Измир на брегот на Егејското Море. По главниот земјотрес имаше секундарни потреси со јачина од 4,3 и 2,8 степени.

Според локалните власти, засега нема извештаи за жртви или материјална штета.