June 26, 2022

ЗА МАЛКУ ВО ФИНАЛНАТА ВЕЧЕР На Андреа ѝ недостасувале 20 поени во полуфиналето

Андреа Коевска ја освоила 11 позиција, на првата полуфинална вечер во Изборот за песна на Евровизија, што се одржа во Торино, Италија.

Податоците од гласањето покажуваат дека на изведувачката на нумерата „Circles“, малку ѝ фалело за да се најде во големото финале.
Според податоците, таа освоила 76 поени, од кои 56 од жири комисијата и 20 од телефонското гласање на публиката.

Вчера се одржа финалето на музичкиот натпревар, каде победи Украина со песната „Стефанија“.

Во финалната вечер учествуваа 25 држави.