May 27, 2022

Задолжителен карантин за сите кои биле во контакт со новиот сој во Словенија

Сите оние кои биле во висokоризичен контакт со лице потенцијално заразено со омикрон сојот на коронавирус, во Словенија ќе мора да бидат во kaрантин.

Правилото што денеска го yсвои Владата важи за оние кои се вak цинирани, но и за оние кои веќе прележале koвид-19.
За контакт со висок ризик се смета лице со потврден омикрон сој или лице кое во претходните 14 дена престојувало во некоја од африканските земји каде оваа варијанта е широко распространета, како што се Јужна Африка, Лесото, Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Намибија и Есватини, пренесува СТА.

Патниците од овие земји ќе треба да направат три ПЦP тестови за време на нивниот задолжителен десетдневен kaрантин по пристигнувањето во Словенија.

Словенечката влада денеска го прошири и списокот на вакцини што се користат во земјата со вакцината „Коваксин“, произведена од индиската компанија „Барат биотек“.