May 27, 2022

Гасот кој го добиваме е платен во евра, а поретко во долари

Гасот што го добива Македонија од „Газпром“ не се плаќа со руски рубљи туку со евра или поретко со долари, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата на Бугарската национална телевизија БНТ.

Како што посочи Бектеши, ниту едно плаќање од страна на властите во Скопје не е направено со руски рубљи, туку со евра, а во некои од случаите трговците плаќале со долари.

Петков договори американски гас поевтин од рускиот

„Република Северна Македонија во целост ги поддржува решенијата на Европската Унија и на Европската комисија, бидејќи единствената цел е започнување на преговори со ЕУ за пристапување и поради тоа одлуките поврзани со руската воена инвазија во Украина, Северна Македонија ги прифаќа и исполнува, потенцираше Бектеши.

Министерот исто така додаде дека земјава нема големи трговски размени со Русија и трговијата меѓу Скопје и Москва е 1.5 проценти, речиси колку што е и со Украина.