May 27, 2022

Владимир Путин покрај себе секогаш има бел теpмос: Во него се крие овој магичен напиток кој е извор на здравје и младоликост

Покрај претседателот на Русија често можеме да видиме бел термос.

Владимир Путин конечно открил што пие во текот на конференциите:

„Знаете, јас дури и не пијам црн чај. Пијам само чај од билки од Алтајските планини“, изјавил неодамна претседателот на Русија и така конечно ја открил тајната за белиот термос.

Колкав љубител е на алтајската природа, сведочи и фактот што Путин неретко наздравува со странските лидери со белиот термос.

Што е алтајски чај?

Се смета дека овој чај од алтајска трева делува на тонунот на организмот благодарение на богатството на биолошки аkтивните супстанции, витамини, како и изразената поддршка во имуниот систем.

Тој ја зајакнува општата отпорност на организмот, го јакне имунитетот, дава енергија и елан. Тој е и одличен прочистувач на организмот, а делува и како антиоксиданс кој ги спречува штетните ефекти на процесите на оксидација во организмот, за кои се смета дека се едни од причините за многубројни хронични болести во современиот свет.

Алтајскиот чај содржи 24 треви, како камилица, сибирски бор, брусница, корен од царски билки – се наведува во текстот „руски лекар“ во кој се дава и објаснување на благодатите на секој од нив. Алтајските планини локалните жители ги нарекуваат и „наша аптека“. Тоа на планетата Земја е една од последните незагадени оази во која растат ретки ендемски лековити билки кои по својата чистота секако ги надминуваат стандардите и на органски одгледаните билки.