October 6, 2022

Вистинска домаќинка која сака да готви, мајка и сопруга, професионалец во професијата: Која е Фросина Ременски, кандидат за претседател на СДСМ?

Нејзиното последно интервју излезе во текот на вчерашниот ден за телевизија Сител, каде што гостуваше за прв пат во животот.

За тоа која е Фросина Ременски, долгогодишен член и функционер во СДСМ, во продолжение:

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

Дипломирала на институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде магистрирала и докторирала, а од 2012 година работела на втора докторска дисертација од областа на безбедноста. Работела како професор во средно училиште и асистент на институтот за социологија, од октомври 2004 година до јуни 2007 година и како асистент на полициската академија во Скопје, а од ноември 2012 година била избрана за вонреден професор на Факултетот за безбедност.

Добитник е и на државната награда „Гоце Делчев“ во 2008 година за посебен придонес во науката од интерес за Македонија,[3] а автор е и на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес објавени во домашни и странски научни списанија. Во 2009 година е избрана за член на советот за безбедност и НАТО интеграции на СДСМ. Во 2013 година е избрана за потпретседател на централниот одбор на СДСМ. Сопруга е и мајка на две малолетни деца.

Зборувајќи за тоа како треба да изгледа раководењето со владејачката партија, Ременски во своето последно интервју не откри кога точно последен пат разговарала со актуелниот претседател во оставка Зоран Заев, иако истакна дека немала комуникација ниту пред, ниту по кандидарањето за претседател на СДСМ.

– Не сметав дека треба да добијам дозвола доколку имам идеја, капацитет, тим, како и разбирање за потребите на членството

Инаку, Ременски е и добра домаќинка која често споделува фотографии, посебно од селото Ратево во Беровско. Последната нејзина фотографија од Ратево е од, како што вели, најубавата студена вода извира од оваа столетна убавина

Знае да ужива и во прекрасниот чај токму во село Ратево

По однос на прашањето дали новиот лидер на СДСМ треба да биде нов мандатар на Владата, Ременски додава:

Мојот став по однос на акумулацијата на функциите премиер и претседател на СДСМ го истакнав и претходно. Многу е тешко да се менаџираат процеси од аспект на водење на Влада, како и менаџирање на состојби во партијата. Спојката на овие две работи ќе доведе до потфрлување на едната или другата работа. Преголемата посветеност на еден човек во било кое од овие функции, ќе направи ситуација негде да се потфрли.

Дека Ратево и годи, покажуваат фотографиите кои Фросина ги споделува на нејзиниот фејсбук профил. А дека е цврста жена покажува и фотографијата со која покрај кафето, стои и мала чаша ракија, објава споделена наутро во 7 седум часот. Дали битката за тронот во СДСМ ќе биде успешна и дали Ременски ќе успее да пие кафе во претседателскиот кабинет на Бихаќа како прв човек лидер на СДСМ, ќе покаже изборниот резултат на 12 декември кога Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бира нов претседател на партијата.